Комплетна веб-страна со хостинг, бизнис е-емаил и техничка поддршка.
Вклучено одржување и додавање содржини во текот на годината.
Совршена цена, брзина и поддршка.
Еду пакети детали
🎓 ЕДУ ПАКЕТИ
🏫 СЕ-ВО-ЕДНО РЕШЕНИЕ ЗА ГРАДИНКИ, ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА
💻 Што подразбира комплетна изработка на веб-страница – СЕ-ВО-ЕДНО РЕШЕНИЕ?
Тоа подразбира дека ние обезбедуваме хостинг простор, домен, PRO тема и комплетна изработка на нова веб-страница со сите потребни податоци според вашите потреби:
- Почетна страница со слики кои одговараат на вашата установа
- Главно мени и подменија
- Огласна табла
- Активности (настани, проекти, посети...)
- Визија и мисија
- Објекти и просторни услови
- За патронот и историјат на градинката/училиштето
- Организациона поставеност
- Кодекси и протоколи
- Самоевалуација
- Развојна програма
- Управување и раководење
- Совет на родители
- Вработени
- Ученици
- Мени за исхрана
- Апликации (барање за упис/испис, анкети...)
- Распореди
- Биланси и завршни сметки
- Соработки
- Советувалиште
- Статут
- Е-едукација
- Стручно усовршување
- Дневни активности
- Контакт
- Линкови до социјални мрежи (Facebook, Instagram...)
- Изработка на Google мапа
- Пријава на Google, Bing и други пребарувачи
- Мобилен преглед (Mobile-Friendly Theme)
- Антиспам заштита
- SEO оптимизација
🔍 SEO (Search Engine Optimization) е процес на оптимизација на вашата веб-страница за пребарувачи како Google и Bing, со цел таа да се појавува повисоко во резултатите од пребарувањето.
⚖️ Задолжителни информации
- Информации од јавен карактер
- Барање за информации од јавен карактер
- Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
- Политика на приватност
- Политика за колачиња (cookies)
Согласно законот, овие информации треба секогаш да бидат јавно достапни на веб-страницата, како и биланси (завршни сметки), огласи за вработувања, јавни набавки и слично.
🎨 Изглед на веб-страницата
При изработка на страницата ќе ви понудиме неколку опции за дизајн. Боите, логото и сликите за почетната страница ги избирате вие, а ние ги прилагодуваме според вашите потреби.
📤 Поставување на содржини
Содржините ги поставуваме и оптимизираме ние, со цел да не заземаат непотребен простор на хостингот и да не ја забавуваат веб-страницата.
На пример, галерија со 20 слики може да има големина од 50 MB, што би ја забавило страницата. Ние ги компресираме сликите со задржување на квалитетот и ги намалуваме и до 5 MB, со што заштедуваме простор и ја зголемуваме брзината. Истото важи и за PDF документи и видеа.
Содржините се испраќаат по е-пошта, а доколку се поголеми, може да се испратат преку WeTransfer или Google Drive. Новите содржини се додаваат истиот ден, односно најдоцна следниот работен ден по приемот.
🔄 Преземање содржини од постоечка веб-страница
Доколку веќе поседувате стара веб-страница, преземањето на постоечките содржини е вклучено во годишниот пакет без дополнителни трошоци, доколку платформата овозможува лесна и автоматизирана миграција (на пример, стара WordPress страница со 400-500 објави). Во ваков случај, целата архива се префрла бесплатно.
Меѓутоа, доколку старата веб-страница е рачно програмирана или изработена на систем кој не поддржува автоматски експорт, содржините ќе мора да се префрлаат рачно – објава по објава. Во таков случај, за брз и ефикасен старт на новата страница, бесплатно ќе ги префрлиме до 50-тите најважни или најнови објави.
Целосно рачно префрлање на стотици објави одеднаш (на пример 400-500 објави) е технички и временски многу обемен процес. Доколку постои потреба од рачно префрлање на целокупната обемна архива од ваков тип систем, тоа се дефинира како посебен проект и се договара со симболичен еднократен надоместок, зависно од обемот на работа.
🚀 Брзина на веб-страницата – LiteSpeed технологија
За да обезбедиме супериорно искуство за вашите посетители, користиме моќни LiteSpeed сервери кои спаѓаат меѓу најбрзите во светот, стационирани во Европа. Во комбинација со нашата оптимизација, страниците се вчитуваат молскавично брзо – во просек од 0.3 до 1.2 секунди, со што се постигнуваат највисоки оцени (до 100/100) на тестовите за перформанси. Нашите сервери гарантираат стабилност и работат со достапност (uptime) од 99,99%.
🛠️ Одржување на веб-страница
Одржувањето подразбира тековни надградби, спам превенција, бекап (резервна копија), како и додавање или бришење менија според вашите потреби.
💰 Цени и транспарентност
Во цената на пакетите нема дополнителни или скриени давачки.
Погледнете ги цените на нашите ПАКЕТИ.
🖥️ Изработка на веб-страница
Изработката на веб-страницата е целосно бесплатна и ги вклучува сите погоре наведени услуги и функционалности.
Погледнете го нашето ПОРТФОЛИО.
🤝 Договор и плаќање
Договорите се склучуваат на период од 1 (една) година. Плаќањето може да биде месечно, тримесечно, шестмесечно или годишно.
✅ Наши обврски:
- Обезбедување и контрола на хостинг простор
- Контрола и одржување на страницата
- Одржување на домен
- Тековни безбедносни надградби
- Отворање, бришење и пренасочување на адреси за е-пошта
- Додавање, измена и бришење содржини
- Техничка помош и поддршка
📝 Обврски на клиентот:
Клиентот е должен да подготвува текстови, слики и видеа кои треба да бидат објавени. Сите содржини треба да бидат соодветни и да не кршат авторски права.
Со испраќање на содржините, клиентот потврдува дека има согласност од родителите за објавување фотографии и видеа од нивните деца.
📞 Контакт и дополнителни информации
Макдомен
📱 Телефон: +389 70 363 282
📧 Е-пошта: makdomen@gmail.com
🕒 Работно време: Понеделник – Сабота, 08:00 – 14:00
За сите дополнителни информации, слободно контактирајте нè — секогаш сме тука да помогнеме. 🙌
Цените се без пресметан ДДВ 18%.
